Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, е најновата трансферна цел на Реал Мадрид, при што „кралевите“ ќе се обидат да го привлечат фудбалерот уште во зимскиот трансферен период.
Сепак, Реал Мадрид има и „план Б“ доколку трансферот не се реализира. Се тврди дека тие следат тројца фудбалери: Педро Поро (Тотенхем), Жереми Фримпонг (Баер Леверкузен) и Хуанло Санчес (Севилја).
Вредноста на 25-годишниот Шпанец Педро Поро изнесува 45 милиони евра, 23-годишниот Фримпонг е проценет на 50 милиони евра, додека 21-годишниот играч на младинскиот тим на „црвената фурија“ Хуанло Санчез е проценет на 15 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













