
Во Париз веќе неколку месеци трае истрага против фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен за можноста за постоење на список на играчи врз расна основа во 2010-тите години, а процедурата беше покрената по жалба од организацијата Лига за човекови права, дознава денес агенцијата Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до случајот.
Париското обвинителство денес потврди дека во мај е отворена судска истрага во овој случај, кој веќе беше предмет на истрага, затворена во август 2022 година.
„ПСЖ не извршил никаква дискриминација, што беше потврдено и од обвинителството, кое веќе најави дека нема да има продолжување на процедурата“, изјави адвокатот на ПСЖ, Антоан Мезонев.
Кон крајот на 2018 година, еден медиумски колектив откри дека единицата за регрутирање играчи на ПСЖ споменувала расни критериуми меѓу 2013 и 2018 година. На тие списоци на млади играчи се појавувале квалификации како „Французин“, „од Магреб“, „од Антилите“ и „Африканец“.
ПСЖ првично се бранеше дека списокот бил направен по иницијатива на менаџерот на единицата за регрутирање, со одредени географски квалификации.
Сепак, францускиот спортски весник „Л’ Екип“ во тие години објави документ во кој се споменуваат расни критериуми на формулари за регрутирање на играчи. ПСЖ потоа започна внатрешна истрага со заклучок дека не е докажан случај на дискриминација.
ПСЖ сепак доби парична казна од 100.000 евра во јануари 2019 година. Казната ја изрече дисциплинската комисија на Професионалната фудбалска лига.
Лигата за човекови права денес изрази задоволство од повторното отворање на истрагата и додаде дека се доведува во прашање работата на таа секција за регрутирање играчи, која во основа треба да се бори против дискриминацијата и говорот на омраза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
