
Фудбалерите на Брегалница реализираа уште еден пријателски тест пред стартот на новата сезона во Втората лига – Исток, триумфирајќи со 2-0 (1-0) против Осогово.
Штипјани до водство дојдоа со голот на Мартин Стојанов од пенал во 42. минута, а во 78. минута погоди и младиот Љупче Кудев за конечни 2-0.
На 22. август, во 1. коло од новата сезона, Брегалница гостува на Саса во Македонска Каменица.
Христов донесе победа за Тиквеш против Саса
Тиквеш триумфираше против Саса со 1-0 во последниот пријателски натпревар пред новата сезона. Победата за кавадарчани ја донесе Симеон Христов со голот во 50. минута.
Тиквеш во 1. коло од новата сезона гостува на Плачковица во Радовиш.
Реми на Кожуф и Кит Го во Гевгелија
Екипите на Кожуф и Кит Го одиграа натпревар без победник (1-1) во Гевгелија.
Кит Го до водство од 0-1 дојде со евро-голот на Дарко Алексовски уште во 10. минута од средбата, додека Кожуф израмни со погодокот од пенал во 45. минута.
Охрид подобар од Кораб
Охрид славеше со 2-0 (1-0) на пријателскиот натпревар против Кораб.
Охриѓани до победата дојдоа со погодоците на Шериф Реџепи и Наум Вељаноски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
