Германскиот стратег Томас Тухел експресно се договори да биде нов селектор на репрезентацијата на Англија. Тој веќе го потпишал договорот, тврди „Скај Спортс“ и денеска да биде промовиран на оваа функција.
Фудбалската асоцијација на Англија денеска закажа прес-конференција, на која се очекува да биде објавена веста.
Договорот на Тухел е со времетраење од 18 месеци и ќе започне да важи од 1 јануари 2025 година.
Тухел ќе заработува 5 милиони фунти годишно, што е половина од платата што ја добиваше како менаџер на Челси.
Привремениот селектор Ли Карсли ќе продолжи да го води националниот тим на натпреварите против Грција и Ирска следниот месец, кои ќе бидат неговите последни како селектор на сениорската репрезентација, по што ќе се врати во селекцијата до 21 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













