
Фудбалската репрезентација на Шпанија убедливо ја совлада Србија со 3-0 во Кордоба и се зацврсти на првата позиција во групата од Лигата на нации. „Црвената фурија“ поведе со голот на Ејмерик Лапорт во петтата минута, а на стартот на вториот дел Алваро Мората не успеа да реализира пенал. Сепак, во 65.минута Мората ја поправи грешката и постигна гол за 2-0, а третиот гол беше дело на Алекс Баена.
Полска и Хрватска одиграа 3-3 во голеадата во Варшава. „Коцкестите“ имаа предност од 1-3, но Полска успеа да се врати и да израмни. Хрватска во финишот играше и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ливаковиќ.
Швајцарија и Данска ремизираа 2-2, а немаше голови на дуелот меѓу Шкотска и Португалија.
Во Лигата Ц, Косово го победи Кипар со 3-0, Романија на гости славеше против Литванија со 1-2, а Северна Ирска ја декласира Бугарија со 5-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
