
Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон, е ослободен од функцијата како амбасадор на клубот, објавува „Атлетик“. Одлуката е донесена од сопствениците на „ИНЕОС“ како дел од мерките за намалување на трошоците на „црвените ѓаволи“.
Откако ја заврши својата тренерска кариера во 2013 година, Фергусон беше назначен за амбасадор на Јунајтед, извршувајќи ја оваа улога повеќе од една деценија со годишна плата од 2,16 милиони фунти. Исто така, тој е дел од фудбалскиот одбор на клубот, кој е различен од раководниот тим.
За мнозинските сопственици од семејството Глејзер никогаш не беше проблем да му плаќаат на 82-годишниот Шкотланѓанец за неговите претставнички функции, но финансиските мерки на „ИНЕОС“ го зафатија и него.
Минатата недела, ко-сопственикот Џим Ретклиф имал средба со Алекс Фергусон, на која му го соопштил своето решение. Тоа се случило на пријателски начин, а клупската легенда ќе продолжи да биде неизвршен директор и ќе биде добредојден на натпреварите на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
