
Нова страница во историјата на италијанската репрезентација беше отворена синоќа, откако трета генерација од исто семејство заигра за „скуадра аѕура“. 23-годишниот Даниел Малдини, син на Паоло и внук на легендарниот и веќе починат Чезаре, го запиша својот дебитантски настап во националниот дрес во синоќешниот триумф од 4-1 над Израел во Лигата на нациите.
Напаѓачот на Монца влезе на теренот на стадионот „Фриули“ во Удине во 73. минута и само шест минути подоцна беше дел од акцијата за четвртиот гол на домаќините.
Неговиот татко Паоло, кој има 126 натпревари за Италија и ја носеше капитенската лента, и мајка му Адриана беа на трибините за да му дадат поддршка. Неговиот дедо Чезаре, кој во своето славно резиме има 14 настапи за Италија како фудбалер и две години како селектор, почина пред осум години, кога Даниел веќе блескаше во младинската школа на Милан.
„Овој деби настап го посветувам на моето семејство, пријателите и сите кои ме сакаат. Се надевам дека ќе донесам уште поголема класа во тимот, иако веќе има доволно. Сакам да помагам колку што можам“, изјави по натпреварот Даниел Малдини.
Фактички, од славното семејство, неговиот татко дебитираше за Италија најмлад – на само 19 години во 1988 година. Неговиот дедо пак имаше 28 години кога првпат го облече националниот дрес во 1960 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
