Новата фудбалска Европска Суперлига веројатно ќе стартува во септември 2025 година, објавува весникот “АС”, цитирајќи го генералниот директор на проектот Бернд Рајхарт.
Во април 2021 година, 12 клуба (Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челзи, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал) го објавија создавањето на новото натпреварување, но по заканите за санкции од УЕФА, проектот беше стопиран.
Во декември 2023 година, Судот на Европската унија застана на страната на Суперлигата во спорот со УЕФА и ФИФА и му дозволи на турнирот да започне без да мора да добие дозвола од други организации. Се очекува 64 клуба да учествуваат во еквивалентот на сегашната Лига на шампионите.
Порано, Рајхарт изјави дека новиот формат на Лигата на шампионите не ги оправдал очекувањата на УЕФА. Од сезоната 2024/25, бројот на тимовите кои се натпреваруваат во првата фаза на натпреварувањето се зголеми од 32 на 36, а наместо осум групи од по четири тима, сега има една основна групна фаза.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski