Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе одржи глобални консултации за можни промени во системот на трансфери по одлука на судот која укажа дека одредени правила за трансфери не се во согласност со законите на Европската унија, пренесе „Би-Би-Си“.
Европскиот суд на правдата неодамна донесе одлука во корист на францускиот фудбалер Ласана Диара, кој поднесе тужба против ФИФА за финансиска отштета. Според актуелните правила, клубовите се обврзани да платат обештетување на поранешниот клуб на играчот при потпишување договор со слободен агент, ако договорот е раскинат без оправдана причина.
Диара тврдеше дека овие правила ја ограничиле неговата слобода на движење откако го раскинал договорот со рускиот клуб Локомотив Москва во 2014 година, со што се прекршил законот за конкуренција. Судот се согласи дека правилата на ФИФА го „попречуваат слободното движење на професионални фудбалери кои сакаат да ја продолжат својата кариера во нов клуб“.
ФИФА објави дека ќе започне „глобален дијалог“ со фудбалските чинители во процесот на прилагодување на правилата.
„ФИФА ја гледа одлуката за Диара како можност да продолжи со модернизација на својот регулаторен систем, што е една од целите на претседателот на ФИФА од 2016 година“, изјави правниот службеник на ФИФА, Емилио Гарсија Силверо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski