Селекторот на германската национална репрезентација, Џулијан Нагелсман, одговори на прашањето за својата иднина во националниот тим. Неговиот договор трае до 31 јули 2026 година.
„Кога започнуваш работа, имаш одредено самопочитување. Имавме добро Европско првенство и постигнавме многу. Сè уште не знам дали ќе останам по 2026 година, но се чувствувам многу удобно на оваа позиција“, изјави селекторот на Германија.
Нагелсман ја води националната репрезентација на Германија од 2023 година. Под негово раководство, Бундес-тимот одигра 16 натпревари, од кои победи на девет, три загуби и четири завршија со реми.
На ЕВРО 2024, Германија стигна до четвртфиналето, каде што загуби од Шпанија со 1-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













