Поранешниот напаѓач на Милан – Жорж Веа, направи интересно признание, велејќи дека „Сан Сиро” секогаш ќе биде негов дом, но дека е приврзаник на големиот ривал на „росонерите” – Јувентус.
Пред да пристигне во Милан, каде што помина пет години од 1995 до 2000 година, Веа играше во Франција за Монако и за Пари Сен Жермен.
По заминувањето од Милан, поранешниот напаѓач настапуваше за Челси, Манчестер Сити, Олимпик Марсеј и за Ал Џазира.
„Милан секогаш ќе биде мојот дом, бидејќи уште од првиот ден ме натераа да се чувствувам така. Силвио Берлускони, Адријано Галијани, моите соиграчи и односот на навивачите, тоа се емоции кои се неверојатни до денешен ден. Јас бев фан на Јувентус, но сепак секогаш постигнував голови против нив”, изјави Веа, кој во моментов е политичар во неговата татковина Либерија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













