
Тони Крос летово ја заврши својата кариера, но сега доаѓаат информации дека би можел да се врати во редовите на Реал Мадрид во поинаква улога.
Крос ја заврши својата играчка кариера ова лето, откако со Германија беше елиминиран на Европското првенство.
Претходно се прости од Реал Мадрид, каде што е вистинска легенда, и ја заврши кариерата во голем стил – освојувајќи ја Лигата на шампионите и Ла Лига. Тој освои вкупно 34 трофеи, вклучувајќи го и Светското првенство во Бразил во 2014 година, како и шест титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид.
Сега, неколку месеци по завршувањето на неговата кариера, се појавуваат информации дека Реал Мадрид всушност сака повторно да го врати во своите редови.
Не се работи за играчко засилување. Наводно, Флорентино Перез сака Тони Крос да се приклучи на стручниот штаб на Карло Анчелоти.
Според шпанските медиуми, благодарение на знаењето што го стекнал за време на својата кариера, челниците на Реал сметаат дека Крос би бил од голема помош за Анчелоти.
Крос веќе го направил првиот чекор, запишувајќи се на УЕФА Б курсот. Ова е голем чекор кон почетокот на неговата тренерска кариера, иако веднаш по завршувањето на кариерата изјави дека не е сигурен дали се гледа себеси во тренерските води.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана
