
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја искористи неколкудневната пауза поради репрезентативни настапи да „скокне“ до Италија и во емисијата „Che Tempo Che Fa“ потврди дека сѐ уште одлично го владее италијанскиот јазик. Тој на „чизмата“ своевремено беше играч на Бреша и на Рома.
Едно од прашањата за тренерот на Манчестер Сити беше кој е најдобриот фудбалер на сите времиња, а Гвардиола не сакаше да го избегне тоа прашање и порача дека ќе даде искрен одговор.
„Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Можеби покажувам непочитување кон Пеле и кон Диего Марадона, но не можам ниту да замислам некој како Меси. Да бидеш толку константен е неверојатно“, рече Гвардиола и продолжи.
„Го гледав како тоа момче тренира секој ден и игра натпревари на секои три дена на неверојатен начин. Кога имате можност да бидете толку блиску и да го следите, тогаш разбирате каков фудбалер е всушност“.
„Меси е уникатен. Среќни сме што имаме шанса да го гледаме и да се восхитуваме на тоа што тој го прави на теренот. Тоа е најголемата убавина на фудбалот што јас сум ја видел во мојот живот“, истакна Гвардиола.
Како што е познато, Гвардиола има договор со Манчестер Сити до крајот на сезоната и веќе се шпекулира дека би можел да го напушти „Етихад“, но тој порача дека конечната одлука сè уште не ја донел.
„Ќе видиме што ќе се случи и каква иднина ме чека. Сè уште не сум седнал и доволно добро не сум размислил за сè, за да донесам една таква одлука“, признава Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана
