
Манчестер Сити официјално ја објави веста за смената на фудбалскиот директор на клубот. Чики Бегиристајн, кој ја извршуваше оваа улога од 2012 година, ќе замине по крајот на актуелната сезона, а конкретно по учеството на тимот во новиот формат на Светското клупско првенство.
Неговото место ќе го преземе досегашниот спортски директор на Спортинг Лисабон, Хуго Виана.
Португалецот ќе започне со работа на „Етихад“ во летото 2025 година. Оваа вест неодамна ја потврдија и двата клуба.
Од Спортинг откриваат дека овој процес започнал пред неколку месеци и значително напредувал во последните неколку недели. Со заминувањето на Виана, ќе биде променета и структурата во клубот од Лисабон.
Клубот веќе нема да има спортски директор, а Бернардо Палмеира ќе ја преземе улогата на генерален фудбалски директор, кој заедно со директорот на скаутскиот систем, Флавио Кошта, ќе биде најважна фигура по претседателот Фредерико Варандас.
Хуго Виана ќе продолжи да ги извршува своите обврски во Спортинг до самиот крај на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
