
Сериозен скандал го тресе англискиот фудбал по протекувањето на снимка од соблекувалната на Манчестер Јунајтед пред нивниот натпревар од последното коло во Премиер – лигата против Астон Вила (0-0), објавува англискиот печат.
Медиумите дополнуваат дека дејството не било извршено со злонамерна цел, туку од навивач на тимот кој успеал претходниот ден пред натпреварот да се вовлече во соблекувалната на гостите и да постави уред, чиј микрофон се активирал по телефонски повик и бил залепен надвор од видното поле на играчите и тренерот.
Уште пошокантно е што лицето кое го поставило телефонот, повторно се провлекло во понеделник за да го изнесе без никакви пречки.
„Ова е шокантно прекршување на безбедноста и ќе доведе до сериозни прашања за тоа како било дозволено да се случи нешто вакво. За среќа, овој инцидент не бил со цел да наштети. Тоа е само навивач на тимот, шегаџија, кој сакал да слушне што се случува зад четирите ѕида на тимот и какви инструкции се даваат. Но, ова дефинитивно е причина за загриженост, бидејќи некој успеал да се провлече во соблекувалната на еден од најголемите тимови во Премиер – лигата ден пред натпреварот“, коментирал анонимен извор за весникот „Сан“.
Во материјалот дополнително се наведува дека новинарите од изданието ги слушнале снимките и знаат што е кажано на нив, но свесно одлучиле да не објавуваат делови за да не ја нарушат доверливоста на тимот.
Сепак, јасно се слушаат инструкциите на Ерик тен Хаг до играчите, како и реакциите и изјавите на самите фудбалери. Сето ова се случува во доста тензичен момент за Манчестер Јунајтед и нивниот менаџер Ерик тен Хаг, кој е под голем притисок, а „црвените ѓаволи“ немаат победа во Премиер – лигата од средината на септември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
