Селекцијата на Црна Гора синоќа доживеа уште еден пораз откако загуби од Турција со 1-0 во Лигата на нации. Победата за Турците ја донесе Ирфан Кахвeчи со гол постигнат во 69. минута од натпреварот.
Роберт Просинечки и Црна Гора нема да го паметат овој натпревар по добро, бидејќи поразот од Турција запиша негативна страница во фудбалската историја на оваа земја.
Имено, ова е првпат Црна Гора да загуби пет натпревари по ред, а како селектор во овој неуспех ќе остане запишан токму Просинечки.
Негативната серија започна со пораз од 2-0 против Белгија во пријателски натпревар, по што Црна Гора не знае за позитивен резултат.
По поразот од Белгија, следуваше пораз на домашен терен од Грузија со 1-3, исто така во пријателски натпревар.
Сите се надеваа дека ќе биде подобро во официјалните натпревари, но и таму беа забележани уште три порази по ред.
Прво Исланд ја победи Црна Гора со 2-0 на домашен терен, а потоа во Подгорица славеше репрезентацијата на Велс со 1-2.
Вчера и Турција ја оправда улогата на фаворит и оствари победа против Црногорците.
„Загубивме три натпревари и тоа е тешка ситуација за нас, но одиме во Кардиф и тоа е нашата последна шанса да направиме нешто. Се надеваме на добар натпревар во Велс“, изјави Роберт Просинечки.
Црна Гора е многу блиску до испаѓање во Лига Ц на Лигата на нации.
Во седум натпревари како селектор на Црна Гора, Просинечки оствари две победи и пет порази.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski