Connect with us

Ван Дајк збесна по црвениот картон: Веќе ни капитенот не смее да му каже збор на судијата?!

Капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк, беше многу незадоволен од фактот што за време на вчерашното реми во Унгарија го доби својот прв црвен картон во дресот на националниот тим.
Ова се случи откако дефанзивецот на Ливерпул доби два жолти картони во рок од три минути. Првиот му беше покажан откако Ван Дајк му пријде на главниот судија Лукас Фандрих за да го искаже своето незадоволство поради фаул над Мален, со кој беше запрена контранапад на „лалињата”.


Ван Дајк е запрепастен што добил картон за тоа, имајќи предвид дека како капитен има право да разговара со главниот судија.

„Овој црвен картон е непријатен. Не требаше да се случи. Особено сум лут за првиот жолт картон. Се вели дека капитенот е единствениот кој може да разговара со судијата. Му пријдов, но не на агресивен начин. Пристапив многу културно. Тоа го направив затоа што нашиот играч беше во напад, а беше фаулиран без противникот воопшто да игра со топката. Ако дури и капитенот не може да каже ништо, тогаш станува многу тешко“, изјави Ван Дајк, кој додаде дека ќе остане со тимот за натпреварот против Германија во понеделник, иако нема да може да игра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови