Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, предвремено ќе го напушти тренинг-кампот на Египет и ќе се врати во Ливерпул, изјави селекторот на „фараоните“, Хусам Хасан. Тој му даде можност на ѕвездата на тимот да одлучи дали да се врати во Англија.
Причината за ова е претстојното гостување кај Мавританија во рамките на Купот на Африканските нации, а теренот не изгледа добро и може да предизвика повреди, што е главната грижа за Салах.
Египет е прв во својата група со девет бода, додека второпласираниот има три бода, а египетската ѕвезда одлучи да не го игра овој натпревар.
Ова може да биде добра пауза за него со оглед на претстојниот напорен циклус на натпревари во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













