
По убедливата победа на Франција против Израел, капитенот на репрезентацијата, Килијан Мбапе, повторно се најде во центарот на вниманието.
Франција во четвртокот оствари убедлив триумф против Израел со резултат 4-1, иако настапија ослабени, без Килијан Мбапе. „Триколорите“ без поголеми проблеми го совладаа противникот, но вистинската драма се случи по натпреварот, во доцните часови.
Во центарот на скандалот повторно се најде капитенот на француската фудбалска репрезентација.
Мбапе беше забележан пред ноќен клуб во Шведска во ноќта меѓу четврток и петок, што разочара многу навивачи. Ова се случува во момент кога неговата доверба е разнишана поради сомневања дека „лажирал“ повреда.
И навивачите и медиумите поставуваат прашања како е можно Мбапе да биде подготвен за настапи за Реал Мадрид, но не и за својата национална репрезентација.
Иако поради повреда на бутниот мускул го пропушти мадридското дерби, напаѓачот играше на натпреварите против Вилјареал во Ла Лига и Лил во Лигата на шампионите, и сите очекуваа негов настап за „триколорите“.
Но, пред собирот на репрезентацијата, Мбапе најави дека нема да може да игра против Израел и Белгија, повикувајќи се на својата здравствена состојба.
Таквата одлука предизвика лавина реакции кај навивачите и француските медиуми.
Новинарот на „Ле Паризиен“, Александре Афало, веднаш напиша дека француската репрезентација била единственото место каде што Мбапе можел да очекува поддршка, но со своето однесување тоа го загубил за само шест месеци.
„Тешко е да се впери прст во некој друг“, додаде Афало на својата социјална мрежа.
„Л’Екип“ исто така го критикуваше Мбапе за неговото излегување на денот на натпреварот, нарекувајќи го тоа „симболична секвенца“ која укажува на лоша комуникација, што за жал е честа појава во светот на професионалниот фудбал.
Едно е сигурно, Мбапе, кој е трет стрелец во историјата на француската репрезентација со 48 гола во 86 настапи, се соочува со остра осуда.
Зад него се играчи како Оливие Жиру со 57 гола и Тиери Анри со 51. А едно е јасно, како капитен на репрезентацијата, одењето во ноќен клуб не му беше најпаметниот потег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
