Поранешниот менаџер на Челси, Томас Тухел, би можел да се врати во Англија, но овојпат како селектор на „трите лава“, тврди „Ди Велт“. Според изданието, експертот започнал преговори со Фудбалската асоцијација на Англија и е сосема можно наскоро да се постигне договор.
Во моментов, привремен селекторот е Ли Карсли, кој ја презеде функцијата по ЕВРО 2024 и заминувањето на Герет Саутгејт. Под водство на Карсли, Англичаните забележаа две победи во Лигата на нациите, но во четвртокот сензационално загубија од Грција на „Вембли“.
Шефовите на ФА имаат голема желба да го донесат Пеп Гвардиола како национален селектор. „Дејли Мејл“ објави дека раководството на англискиот фудбал се надева дека менаџерот на Манчестер Сити ќе биде привлечен од можноста целосно да го развие потенцијалот на тимот.
Гвардиола е врзан со Манчестер Сити до следното лето. На „Етихад“ тој заработува околу 20 милиони фунти по сезона, а ФА сигурно не може да си дозволи да му дава таква плата.
Меѓу другите опции за нов селектор на Англија се и Грем Потер и Еди Хау.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski