Јирген Клоп (57) од 1 јануари 2025 ќе биде глобален шеф на фудбалот во „Ред Бул“, со кој веќе потпиша долгорочен договор. Што тоа практично значи, објасни Оливер Минцлаф, извршниот претседател.
„Клоп ќе ги координира сите клубови кои се во сопственост на „Ред Бул“, како Лајпциг, Салцбург и Њујорк. Ќе ги советува сите клубови за трансфери и стратегии. Ќе им биде поддршка на спортските директори и ментор на тренерите, и ќе помага во развојот на талентите во мрежата“, изјави Минцлаф.
Клоп пролетта ненадејно одлучи да го напушти Ливерпул, каде што беше тренер од 2015 година и каде беше обожуван од сите. Во тој период освои осум трофеи, меѓу кои и првата титула во Премиер лигата во 2020 и Лигата на шампионите во 2019.
Клоп го шокираше Ливерпул со објавата за заминување две години по продолжувањето на договорот до 2026. Тоа го направи и покрај тоа што во пролетта 2022 година го продолжи договорот до летото 2026 и во момент кога Ливерпул се бореше за четири трофеи. Ненадејното заминување од Ливерпул го објасни со преголем замор од фудбалот, поради што објави дека зема пауза.
„Ми снема енергија“, рече тој во видео обраќањето до шокираните фанови на Ливерпул. Потоа, ни половина година подоцна, повторно ги шокираше, како и љубителите на фудбалот во Германија, со оглед дека брзо ќе се врати, но на друга позиција во фудбалот.
Сепак, не како тренер. Клоп разочара многу љубители на фудбалот и на неговиот лик затоа што секогаш јавно се спротивставуваше на „хибридни“, корпоративни клубови, оние кои „купуваат успеси“, за на крај да стане клучен човек на корпорација која меѓу фудбалските пуристи е синоним за такво нешто.
Фановите сега се вртат против Клоп. По ова откритие ќе биде уште понеомилен кај нив.
Германските новинари откриваат драматични околности на овој таен договор.
„Во септември 2022 година, во вила во Салцбург, зад затворени врати лежеше терминално болен старец (78), а го посети совршено здрав човек, 23 години помлад од него.
„Во септември 2022 година се одржа таен состанок во вила во Салцбург. Тогаш Клоп се договори со сопственик на „Ред Бул“ кој беше на умирање. Нивниот разговор резултираше со тоа помладиот да вети дека за нешто повеќе од две години ќе стане главен на фудбалската корпорација на постариот. Човекот на умирање се викаше Дитрих Матешиц, а неговиот посетител и идниот вработен е Јирген Клоп“, пишува Минхнер Меркур“.
„Клоп, значи, уште пред две години го договорил преминот во „Ред Бул“, и тоа во јануари 2025. Тоа значи дека потоа, повеќе од година и пол, водеше Ливерпул со тајно постигнат договор за заминување и објава при крајот на сезоната 2023/24 дека е многу исцрпен“, додава германскиот медиум.
Матешиц, ко-основач и ко-сопственик на „Ред Бул“, умре неколку недели по разговорот и договорот со Клоп, така што не доживеа да види како повеќе од две години подоцна предизвика огромна експлозија во фудбалската индустрија. Од оваа среда светот го знае она што Клоп го знаеше од есента 2022.
Објавена е и платата на Јирген Клоп на новото работно место. Тој ќе заработува 12 милиони евра годишно.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski