
Селекторот на Англија, Ли Карсли, зборуваше по шокантниот пораз (1-2) на неговиот тим од Грција На домашен терен во натпревар од третото коло на Лигата на нациите. Тој го критикуваше настапот на „трите лава“, но исто така изнесе пофалби за противникот.
„Не игравме добро. Можеби премногу често правевме грешки на различни делови од теренот. Головите што ги примивме не беа на нивото на кое сме навикнати да бидеме. Мислам дека е исто така важно да им се оддаде респект на Грците за начинот на кој играа. Знаеме дека мора да се подобриме. Дефинитивно треба да размислам како можам да им дадам повеќе шанси на играчите да делуваат покомпактно“, рече Карсли.
Селекторот спомена и некои други грешки што ги направија неговите играчи.
„Бевме во втор план во поголемиот дел од вечерта. Тоа е разочарувачки. Игравме различно, но за жал не ни се исполни планот. Со квалитетот што го имаме, сите голови беа примени поради наши грешки“, додаде Карсли.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
