МАКФУДБАЛ во Рига,
Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Летонија на гости во Рига со 0-2, во третиот меч од групата Ц од Лигата на нации. Стрелци на головите беа Јани Атанасов во 35. Минута, Лирим Ќамили во 70. минута и Елиф Елмас во 90.минута од дуелот.
Со оваа победа против Летонија, Македонија ја потврди својата одлична форма во Лигата на нации и продолжува да се бори за првото место во групата Ц.
Македонија знаеше да го демонстрира својот квалитет и тактичката надмоќ на теренот. Тимот го имаше поседот на топката и успеа да се наметне уште од почетокот, иако Летонија се обидуваше да го загрози нашиот гол преку брзи контранапади.
Сега следува клучниот дуел против Ерменија, која е најголем конкурент за првото место во групата. Со ваков менталитет и форма, нашиот тим има одлична шанса да ја продолжи победничката серија и да го обезбеди посакуваниот резултат во Ереван.
Секој натпревар во Лигата на нации е важен, но добрата игра на Македонија во последните два меча дава оптимизам дека тимот ќе продолжи да се движи во вистинската насока
Летонија прва се закани, во 13-тата минута, кога Јанис Икауниекс упати удар со глава од осум метри, но заврши крај дирекот.
Во 24-тата минута Јани Атанасов се одлучи на удар од далечина, но неговиот шут заврши над голот.
Многу посериозен беше ударот на капитенот Енис Барди две минути подоцна, но топката за малку мина над гредата од летонскиот гол.
Третиот шут на Македонија беше во рамките на голот, во 30-тата минута. Повторно се обиде Јани Атанасов, но Матревикс беше на вистинското место и одбрани.
Тој што имаше најмногу обиди, на крајот и постигна гол. Во 35-тата минута, по една одлична акција во која учествуваше и Бојан Миовски, играчот за врска Јани Атанасов го откри резултатот и донесе водство (0-1) за Македонија.
Во финишот од првиот дел, Столе Димитриевски имаше две одлични интервенции и на одмор се замина со предност за Македонија.
Македонија продолжи со добра игра и во второто полувреме. Давид Бабунски во 55-тата минута со полуволеј се закани од 25 метри, но директно во противничкиот голман.
Во 70-тата минута, Македонија поведе со 0-2. Асистент беше голманот Столе Димитриевски, кој о долг дегажман го проигра Лирим Ќамили, а нововлезениот напаѓач на одличен начин ја затресе мрежата на Летонците.
Во финишот, и Елиф Елмас ја погоди мрежата на Летонија за комплетен впечаток и конечни 0-3.
ЛЕТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0-3 (0-1)
Стадион на Сконто Рига. Гледачи: 6.000. Судија: Јаков Сундберг (Данска). Стрелец: Атанасов 35’, Ќамили 70 ‘, Елмас 90’ (Македонија). Ж. Картони: Циганикс (Летонија), Димоски (Македонија).
ЛЕТОНИЈА: Матревикс, Јурковскис, Балодис, Тоберс, Јагодинскис (71’ Улдрикис), Циганикс, Савељевс, Зелениковс, Варславанс, Икауниекс, Гутковскис (17’ Ситс).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ашковски (55’ Димоски), Манев, Муслиу (55’ Костадинов), Алиоски (66’ Ќамили), Алими, Атанасов, Барди, Д. Бабунски (М. Ристовски), Елмас, Миовски (Д. Велковски).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski