
Арсенал е прв кандидат за титулата во наредните години во Англија, според прогнозите на најголемите стручњаци за фудбалската иднина, имајќи ги предвид случувањата во останатите клубови, како и фактот дека Пеп Гвардиола најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити, заедно со некои од водечките играчи, што ќе ги натера да размислуваат за смена на генерации.
Сепак, и Арсенал размислува за иднината, а се подготвува и сериозна понуда за „најскапиот дефанзивец во историјата на бразилското првенство“.
Станува збор за 18-годишниот дефанзивец, Витор Реис.
Овој играч има ослободителна клаузула од 90 милиони евра, но Арсенал би можел да го добие за околу 35 милиони евра.
Реал Мадрид и Тотенхем се исто така многу заинтересирани, но според бразилските медиуми, Арсенал се наведува како главен фаворит за неговото ангажирање.
„Палмеирас веќе одби понуди од 30 милиони евра од два клуба. Витор Реис ќе биде најскапиот фудбалер во историјата на нашиот фудбал кога станува збор за дефанзивците. Тој ќе биде продаден за 35 милиони евра. Палмеирас ќе го продаде во јануари бидејќи во моментов се фокусирани на Светското првенство за клубови“, изјави Пауло Сампајо, шефот на академијата на Палмеирас.
Арсенал има многу „млада одбрана“, при што ниту еден од централните дефанзивци не е постар од 26 години (Габриел), а бековите исто така се многу млади. Може слободно да се каже дека овој проект со извонредна одбрана би можел да донесе титула можеби уште оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
