
Првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер, ќе биде надвор од терените најмалку шест недели, објави „Скај Спортс“. Се покажа дека неговата повреда на препоните е посериозна од првичните прогнози, поради што тој ќе биде подготвен за игра дури по репрезентативната пауза во ноември.
Ова значи дека Бразилецот би можел да се врати на теренот најрано на 24 ноември, за време на гостувањето против Саутемптон, пропуштајќи седум натпревари на „црвените“, вклучувајќи ги и тие против Челси, Арсенал, Астон Вила и Баер Леверкузен.
Алисон се повреди за време на последниот натпревар против Кристал Палас. Тој веќе имаше една повреда во септември, кога имаше проблеми со бутниот мускул.
Голманот исто така нема да биде дел од претстојните квалификациски натпревари на Бразил за Светското првенство против Чиле, Перу, Венецуела и Уругвај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
