МАКФУДБАЛ во Рига
Македонската фудбалска репрезентација е подготвена за новите предизвици на претстојните дуели против Летонија и Ерменија. Капитенот Енис Барди изрази увереност дека тимот е подготвен да се справи со задачите кои ги очекуваат.
Барди, кој беше стрелец на претходниот натпревар против Летонија во Рига, верува дека тимот повторно ќе прикаже добра игра и ќе извојува победа.
„Верувам дека сме подготвени да одиграме добар натпревар и да бидеме на вистинското ниво. Што се однесува до мене лично, подготвен сум максимално, бидејќи проблемите со повредата се минато и секогаш давам повеќе од максимумот во националниот дрес. Треба да продолжиме со истиот стил како на минатиот меч против Ерменија во Скопје и со храбар пристап да покажеме дека имаме квалитет за победа против Летонија“, изјави капитенот Барди.
Натпреварот помеѓу Летонија и Македонија ќе се одигра утре на стадионот на Сконто во Рига, со почеток во 18 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













