Офанзивниот играч за врска на Челси, Кол Палмер, е избран за Играч на годината во националниот тим на Англија. 22-годишниот фудбалер ги победи Џуд Белингам и Букајо Сака во анкетата.
Палмер дебитираше за „трите лава“ во ноември 2023 година на натпреварот против Малта на „Вембли“. Досега има одиграно девет натпревари за Англија, на кои постигна два гола. Пет од тие натпревари беа во текот на ЕВРО 2024, каде „трите лава“ освоија сребрен медал.
Подемот на Палмер во националниот тим дојде по одличната сезона што ја одигра за Челси. Тој стана првиот играч на „сините“ кој го освојува ова признание по Ешли Кол во 2010 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













