
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за октомвриските дуели против Летонија и Ерменија, а играчот за врска Давид Бабунски најавува дека нашите фудбалери размислуваат за освојување на максимални шест бода.
„Сигурно правиме добри работи штом од фудбалскиот свет гледаат на нас како фаворити во оваа група, но треба да бидеме скромни и да продолжиме да се бориме за оваа шанса, да направиме нешто многу убаво. Нема да биде лесно особено што играме на гости, денеска сите земји го развиваат нивниот фудбал и тактичкото знаење. Немаме многу време за подготвување, но ќе анализираме да ги најдеме слабите точки на противниците и да ги искористиме. Одиме да ги освоиме сите шест бода“, изјави Давид Бабунски.
Македонија на 10 октомври игра против Летонија во Рига, додека три дена подоцна ќе се сретне со Ерменија во Ереван.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
