
Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг, стартувајќи ја октомвриската мисија во Лигата на нации. Таа подразбира две гостувања, во Рига и во Ереван, а селекторот Благоја Милевски ја кажа целта уште пред првиот собир. Македонија треба да остане првопласирана во групата.

Не мина без проблеми денешниот прв собир, затоа што Александар Трајковски нема да биде дел од националниот тим, а неизвесен е и Дарко Чурлинов. Тоа сериозно ќе ги намали опциите во навалната линија.

Македонија треба да се наметне како фаворит и на двете гостувања, против Летонија на 10 октомври во Рига и против Ерменија во Ереван на 13 октомври.




-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
