
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, истакна дека сака да ужива во моментот, по триумфот над Баерн Минхен (1-0) во Лигата на шампионите. Според него, вакви моменти не се случуваат секој ден, и заслугите за победата им ги препиша на фудбалерите, но и на сите вработени во клубот.
„Среќен сум за сите поврзани со Астон Вила, тренерите, навивачите, сопствениците, сите вработени. Сите заедно ја споделуваме радоста во вакви денови, кога играме на вакво ниво во Лигата на шампионите против Баерн Минхен и успеваме да победиме. Најважно беше како ќе се бориме на натпреварот и како ќе го спроведеме нашиот план за игра. Ние им даваме енергија на навивачите, кои потоа ни ја враќаат назад. Се обидовме да создадеме одлична атмосфера на „Вила Парк“ и сакам целосно да уживаме во овие моменти“, изјави Емери.
„Имаме шест бода и тоа е важно. Сепак, ни преостануваат уште шест натпревари и 18 бода за кои ќе се бориме. Треба добро да се подготвиме за нашиот следен натпревар против Болоња тука и да продолжиме со ова темпо. Можеме уште повеќе да го подигнеме нивото, да ги зголемиме барањата за тимот. Но, најпрво треба да мислиме на натпреварот в недела, кој ќе биде голема битка овде на „Вила Парк“. Сакам да гледам постојаност во нашите изданија“, истакна менаџерот на Астон Вила.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
