
Интер вечерва ја пречекува Црвена Звезда (21 часот) на „Џузепе Меаца“, а македонската фудбалска легенда Дарко Панчев го имаше главниот збор во најавата, како поранешен член на двата клуба.
Тој вели дека Интер е голем фаворит, но дека Црвена Звезда не смее да се потцени, а може да изненади, како што тоа го направи Македонија во баражот за СП против Италија.
„Интер е апсолутен фаворит, ако се гледаат финансиската моќ и тимот со кој располага Симоне Инзаги. Но, во фудбалот не победуваат секогаш фаворитите. Предупредив на тоа и кога играа Италија и Македонија, го кажав речиси истото, а на крајот знаете како заврши тој натпревар. Црвена Звезда има одлични играчи, млади и талентирани, но проблем за клубот е што не можат да ги задржат подолг период и тие прават трансфери во побогатите европски клубови. Но, очекувам возбудлив и неизвесен натпревар“, изјави Дарко Панчев за италијанските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski