Италијанската полиција и властите на Милано пред десет дена им забранија на навивачите на Црвена Звезда да присуствуваат на натпреварите кои нивниот клуб ќе ги игра против Интер вечерва, на 1 октомври, и против Милан, на 11 декември, во Лигата на шампионите. Оваа одлука Италијанците ја донесоа по проценката дека доаѓањето на голем број навивачи на Звезда би претставувало огромен безбедносен ризик поради жестоките судири што „Делиите“ минатата година ги имаа со навивачите на Рома.
На почетокот на февруари „Делиите“ ги пречекаа фановите на Рома пред „Олимпико“ и ги претепаа, при што им го одзедоа транспарентот на една од главните групи – „Федајн“. Потоа, тој и другите транспаренти што им беа одземени ги запалија на натпревар во Белград со порака, како што пишуваа српските медиуми, кон навивачите на Динамо Загреб. Имено, навивачите на Динамо се во добри односи со навивачите на Рома. Навивачите на Рома им се одмаздија на „Делиите“ по натпреварот на Црвена Звезда во кошарка во Болоња.
На натпреварот против Интер се подготвуваа да дојдат околу 4.000 навивачи на Црвена Звезда од Србија и од странство, а многумина од нив веќе купија билети. Српскиот првак по повод забраната излезе со соопштение:
„Црвена Звезда апелира до сите навивачи да не патуваат на споменатите натпревари бидејќи влезот нема да биде дозволен, исто како и собирањето. Одлуката важи за навивачите кои живеат во Србија, но и за сите од другите европски земји.
Италијанската полиција ја забрани продажбата на карти за која било трибина. За купување билет потребен е пасош, а името и презимето на картата и пасошот мора да бидат идентични при влез на стадионот. Црвена Звезда истакнува дека ова е одлука врз која клубот не можеше да влијае и уште еднаш апелира до „звездаши“ да ја почитуваат“
Навивачите на Црвена Звезда маршираа и палеа факели пред полицијата која им го забрани доаѓањето во центарот на Милано.
Но, ваквите забрани за „ултрасите“ се само уште поголем мотив да ги прекршат. Така, навивачите на Звезда синоќа пристигнаа во Милано. И не само што се појавија, туку околу педесетина од нив со факели, песни и мавтање со големи знамиња организираа навивачки марш низ центарот на градот.
Маршот заврши пред хотелот каде што беа сместени играчите на Звезда. Пред хотелот ги повикаа играчите да излезат за да им одржат мотивациски говор. Фудбалерите ги послушаа. Видно изненадените играчи ги поздрави лидерот на „Делиите“.
Лидерот на „Делиите“ им се обрати на играчите на Црвена Звезда.
„Ајде, немојте да бидете со намуртени лица, луѓето дојдоа тука и поминаа 2500 километри во двата правци само за да ве поддржат. Не можат да влезат на натпреварот поради законот, поради полицијата на која ѝ пеевме сега, дојдоа само за да ве поддржат. Кога ќе излезете на терен, немате од што да се плашите, одиграјте добар натпревар. Бевте веројатно подобар противник против Бенфика, не успеавте. Сега играјте исто така.
Немате од што да се плашите, противникот е силен, нека ви бидат во мислите луѓето кои поминаа 2500 километри само за да ве поддржат овде. Уште една работа нека ви биде на ум: да не се плашеше цела Италија од Црвена Звезда и нејзините навивачи, на стадионот сигурно ќе имаше 5.000-6.000 луѓе, ви гарантирам.
Но, бидејќи цела Италија се исплаши од Црвена Звезда, која е огромен клуб, и од нејзините навивачи, покажете им дека имале причина да се плашат. И немојте да се плашите од ништо, знаете да играте фудбал, ние сме со вас. Ова е колку што сега можеме“, изјави лидерот на „Делиите“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski