
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше пред вечерашниот натпревар на „граѓаните“ против тимот на Слован Братислава од второто коло од Лигата на шампионите. Тој вели дека неговиот тим е фаворит, но тоа не значи и дека со предност го стартува мечот во Словачка.
„Кога ќе освоиш четири пати по ред едно од најтешките првенства во светот и Лигата на шампионите пред две години, нормално е да бидеш фаворит. Сепак, тоа не ни дава предност од 2-0 пред натпреварот. Натпреварот започнува со резултат 0-0, на ист терен. Треба да се докажеме“, изјави Гвардиола.
Потоа, шпанскиот тренер истакна дека нема да го потцени противникот и дека ќе излезе со доволно добри играчи.
„Ќе го искористиме најдобриот можен состав за да се бориме и да победиме. Имаме голема почит кон нив и кон белегот што го оставаат, но ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил“, додаде Гвардиола.
Натпреварот меѓу Слован Братислава и Манчестер Сити ќе се одигра вечерва од 21 часот на стадионот „Техелне поле“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski