Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати компензација од околу 17,5 милиони фунти на менаџерот Ерик тен Хаг доколку одлучи да го отпушти Холанѓанецот. Oваа сума е околу половина од она што „црвените ѓаволи“ го заштедиле по отпуштањето на 250 свои вработени во обид да ги намалат непотребните трошоци.
„Отпуштањето на Тен Хаг во јуни ќе ги чинеше Јунајтед околу 10 милиони фунти. Да го направат тоа сега, по едногодишното продолжување на договорот, ќе чини околу 17,5 милиони фунти. Ова е речиси половина од сумата што клубот ја заштеди со отпуштањето на 250 вработени“, објавија медиумите на Островот.
Манчестер Јунајтед доживеа нов понижувачки пораз во неделата, кога загуби од Тотенхем со 0-3 на домашен терен, што предизвика нов бран на шпекулации за иднината на менаџерот.
Во Англија се сигурни дека Ерик Тен Хаг ќе добие кредит на доверба во текот на следната недела, во која Манчестер Јунајтед гостува кај Порто во Лига Европа и потоа игра против Астон Вила во Премиер – лигата.
По овие два натпревари следи пауза за репрезентациите во која ќе се преиспита неговата иднина. Доколку тимот оствари слаби резултати во овие две средби, Тен Хаг речиси сигурно ќе го напушти клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski