
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, нема намера да поднесе оставка, и покрај уште еден пораз, овојпат од Тотенхем со 0-3. Голем дел од навивачите на Манчестер Јунајтед го напуштија стадионот пред крајот на натпреварот и силно ги исвиркаа своите миленици за „претставата“ на „Театарот на соништата“, кој во последните години сè почесто наликува на „Театар на кошмарите“.
„Мора да се справиме со ова и да покажеме издржливост. Не играме добро. Мора да го прифатиме тоа и да станеме подобри. Се фокусираме на следниот натпревар и ќе се обидеме да ги поправиме работите во споредба со она што го покажавме сега на теренот“, коментира Тен Хаг.
Поразот е трет за Јунајтед од почетокот на сезоната, а тимот е 12-ти на табелата со само една победа во последните пет натпревари во Премиер – лигата.
Навивачите на Тотенхем не пропуштија да се потсмеваат за време на натпреварот, скандирајќи во насока на Тен Хаг: „Ќе те отпуштат утре наутро“.
„Не, не размислувам за оставка. Сите заедно ја донесовме оваа одлука да останеме обединети“, изјави тој, додавајќи дека сите биле свесни дека ќе биде потребно време за да се изгради силен тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
