
Атлетико Мадрид со гол во 95. минута успеа да избегне пораз од Реал Мадрид (1-1) во дербито на осмото коло на Ла Лига. Мадридското дерби донесе прекин од 15 минути, тензии, картони, исклучувања, и два гола.
Реал поведе преку Милитао и беше блиску до победата, но Анхел Кореа донесе бод за својот тим.
Првиот гол падна во 65. минута. По кратко изведен слободен удар, Винисиус нафрли од левата страна, топката стигна до Едер Милитао, а тој со силен удар ја затресе мрежата за 0-1.
По прославата се случи скандал и прекин, а судијата ги повлече екипите од теренот.
Во 95. минута, Анхел Кореа доби топка, го мина и Куртоа и успеа да ја погоди мрежата за израмнување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
