Крилниот напаѓач на Челси, Михајло Мудрик, е незадоволен од својата ситуација во клубот од почетокот на сезоната. Украинецот ретко добива шанси за игра под водство на новиот менаџер Енцо Мареска и веќе размислува за можноста да побара трансфер во зимскиот преоден рок, објавува „Фудбал Инсајдер“.
Меѓутоа, заминувањето на 23-годишниот фудбалер нема да биде лесна задача. Тој има договор со Челси до 2031 година и добива висока плата, што би можело да ги одврати многу клубови од обидите да го ангажираат.
Раководството на „сините“ не ја исклучува можноста за разделба со Мудрик, но сака тоа да биде преку директна продажба, а не позајмица, за да можат да ги искористат средствата за доведување на нов играч на негово место.
Мудрик пристигна во Челси од Шахтјор Доњецк за сума од 70 милиони евра во јануари 2023 година, и „сините“ тешко ќе ја вратат оваа инвестиција ако се решат да го продадат во овој момент. Засега нема конкретни информации за клубови кои се заинтересирани за услугите на Украинецот.
Откако пристигна на „Стемфорд бриџ“, Мудрик одигра 64 натпревари, на кои постигна седум голови и забележа пест асистенции. Сепак, од почетокот на оваа сезона, тој запиша само шест настапи во сите натпреварувања, најчесто влегувајќи од клупата, и сè уште нема постигнат гол.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski