Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изјави дека е горд на своите фудбалери по саботното реми 1-1 против Баерн Минхен во Бундес-лигата.
„Енергијата и вербата во тимот на Баерн се различни од минатата сезона. Работат со полн гас. Беше многу тешко. Можеме да бидеме задоволни од освоениот бод“, изјави Чаби Алонсо по натпреварот.
„Ми беше потребна повеќе енергија од тимот и сум задоволен од тоа. Бевме подготвени да страдаме и го направивме тоа. Имаме потреба од дисциплината и страста на играчите. Не беше лесно, немавме контрола над топката, но бодот е важен. Целиот тим се справи многу добро. Многу сум горд на моите играчи“, додаде тренерот на Баер Леверкузен.
Играчот од средниот ред, Гранит Џака, изјави дека главната стратегија била да бидат компактни и да ги ограничат можностите на Баерн за постигнување гол.
„Самокритични сме. Ако постигнувате три гола на секој натпревар, тоа не е доволно. Во одбраната се претставивме добро. Целта беше да бидеме компактни и да дозволиме малку шанси за противникот. Сигурно можевме да направиме повеќе со топката и сите знаат дека можеме повеќе. Ако некој ни кажеше пред натпреварот дека ќе освоиме бод, сигурно ќе го прифатевме“, изјави Гранит Џака.
Сега Баер Леверкузен го насочува вниманието кон Лигата на шампионите, каде што во вторник ги очекува домашен натпревар против италијанскиот калчолигаш Милан.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski