Гостивар со 1-0 славеше против Вардар Форино и се зацврсти на првото место на табелата во Втората лига Запад. Малиќ Белули во 81.минута успеа да го скрши отпорот на жилавиот гостин. Кораби на идентичен начин оствари триумф над Охрид. Филип Алексовски од пенал беше стрелец на голот за Кораби во 38.минута од мечот.
Скопје полека го губи чекорот за врвот откако ремизираше без голови на гости против Дрита.
Велешта го совлада Велазерими со 2-1. Алтин Лога од пенал во 93.минута донесе победа, а го постигна и првиот гол за домашниот тим. Велазерими поведе во 14.минута со погодокот на Албулен Имери.
Утре играат Тетекс и Кадино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













