Реал Мадрид внимателно го следи развојот на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Диого Дало. Португалецот е посочен како потенцијална трансферна цел за засилување на одбраната на „кралскиот клуб“ следното лето, пренесува „Фичајес“.
Реал моментно има добро комплетиран состав, но десниот бек е една од осетливите позиции. Дополнително, Дани Карвахал е веќе во понапредни години и клубот мора да размислува за негов наследник.
Всушност, првиот избор за Реал на таа позиција е дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд. Сепак, неговото доведување може да биде многу тежок потфат, па на „Сантијаго Бернабеу“ разгледуваат и други опции, од кои една е токму Диого Дало.
25-годишниот Португалец дури сега влегува во своите најдобри фудбалски години, и во Реал веруваат дека тој ќе продолжи да се развива. Покрај тоа, Дало стекна големо искуство како во Премиер – лигата, така и во Серија А, каде што играше за Милан, а исто така е и репрезентативец на својата земја со 24 настапи и три постигнати гола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski