Брегалница ремизираше без голови на гостувањето на „Автокоманда“ против ФК Скопје, но и покрај тоа остана на врвот на табелата во Втората македонска фудбалска лига.
Македонија ЃП се врати во победнички ритам, откако славеше на гости кај Вардарски со 0-2. Симеон Христов во 42.минута од пенал и Размоски во 45.минута беа стрелци на головите за „лавовите“.
Саса во Каменица го победи Аресими со 2-1.
Башкими направи скок во горниот дел на табелата со три бода кај Вардар Неготино (1-0).
Осогово го победи Борец исто така со 1-0, а стрелец беше Марио Симовски. Триумфира и Охрид кој дојде до важен триумф кај Победа во Прилеп со 0-1, со голот на Сашо Дуков
Без голови заврши натпреварот меѓу Новаци и Беласица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













