Connect with us

Сензационален пресврт: Манчестер Сити нема да биде казнет во „процесот на векот“?

Изгледа дека се насетува голем пресврт во однос на „процесот на векот“, во кој е вмешан Манчестер Сити. Барем така пишуваат медиумите во Англија во последните два дена.
Актуелниот шампион не само што нема да биде исфрлен од Премиер – лигата или Лигата на шампионите, туку дури нема ни да биде казнет со одземање на бодови, и покрај обвиненијата за наводно прекршување на 115 одредби од финансискиот фер-плеј.

Ова се случува откако предлогот на Премиер – лигата за легализација на трансакции преку TPA беше одбиен, што укажува на можни финансиски инјекции преку спонзорство контролирано од сопственикот. Клубовите го отфрлија предлогот трансакциите да бидат разгледувани од независна комисија која ќе одлучува дали овие спонзорски договори се „пренадувани“ во корист на Сити.

Конечната одлука дали Сити ќе биде прогласен за виновен и дали ќе има некакви последици ќе биде позната во јануари 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови