Connect with us

Суспендиран и стадионот на Башкими

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека денеска е суспендиран и стадионот на Башкими во Куманово поради инцидент на натпреварот против Беласица.

Комисијата за натпревари на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари за суспендија на стадионот на Башкими во Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на четвртото коло на Втора МФЛ меѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово.


Стадионот на Башкими во Куманово е суспендиран сѐ до донесување на одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ, а суспензијата стапува на сила веднаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови