Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ не прифати намалување на платата во Јувентус.
Ситуацијата во Јувентус не се смирува кога станува збор за статусот на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ. Српскиот напаѓач води „војна“ со раководството на „старата дама“, кое сака да му ја намали платата од 12 милиони на 9 милиони евра. Сепак, веднаш пристигна негативен одговор од напаѓачот.
„Старата дама“ по пет одиграни кола во Серија А се наоѓа на четвртото место со девет освоени бода, што е далеку од очекувањата на клубот.
За да биде ситуацијата уште полоша, италијанскиот гигант во последните три натпревари во лигата не постигна ниту еден гол, а поради ова, меѓу другите, цел на критики е и Влаховиќ.
Душан Влаховиќ постигна два гола оваа сезона во Серија А, и двата на гостувањето кај Верона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













