
Повторно се зборува за потенцијално заминување на Ерик тен Хаг од клупата на Манчестер Јунајтед. Англискиот гигант наводно веќе нашол замена за холандскиот стратег, кому не му оди најдобро на стартот од сезоната.
Иако имаше многу притисоци од јавноста и навивачите дека Тен Хаг не треба да остане, но раководството на Манчестер Јунајтед на крајот од минатата сезона одлучи да го задржи 54-годишниот стратег.
Резултатите на почетокот од новата сезона не ја оправдуваат таа доверба, бидејќи „црвените ѓаволи“ веќе имаат три порази, едно реми и три победи.
По пет кола, Манчестер Јунајтед со седум бодови е само на 11. место во Премиер – лигата на Англија.
Во врска со ова, раководството на Манчестер Јунајтед почна да бара замена за Тен Хаг, и се чини дека избрале еден кандидат. Тоа е тренерот на италијанскиот шампион Интер, Симоне Инзаги.
Сепак, Тен Хаг има уште малку кредит, и доколку не ја подобри ситуацијата во своја корист, ќе добие отказ.
Англиските медиуми наведуваат дека Инзаги, кој е тренер на Интер, покажува способност за управување со тешки моменти во соблекувалната и постигнување добри резултати.
Интер под водство на Инзаги минатата година играше во финалето на Лигата на шампионите, каде што Манчестер Сити им го попречи патот до трофејот.
Симоне Инзаги го презеде Интер во јули 2021 година и има договор со тимот до 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
