
Натпреварувачката комисија на ФФМ го суспендираше Градскиот стадион во Кавадарци и го предаде на Дисциплинската комисија која ќе треба дополнително да ја одреди казната. Истовремено, натпреварот е регистриран со службен резултат (0-3) во корист на Вардар.
„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот (Градски стадион Кавадарци) СЕ СУСПЕНДИРА според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон вториот асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат.
Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпревар од шесттоо коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година .
Комисијата за натпревари на ФФМ според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат 0-3 го регистрираше овој натпревар“, соопштија од ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
