
Натпреварот меѓу Тиквеш и Вардар (0-1) не го доживеа својот крај. Во последните мигови се случија немили сцени, на Тиквеш му беше поништен гол поради офсајд ситуација, а потоа навивачи со тврди предмети го удрија асистентот судија Гоце Петрески.
Александар Ставрев досуди прекин на натпреварот, иако во тие моменти многумина помислија дека отсвири и крај, па во записникот се вели дека ќе следуваат дополнителни извештаи за инцидентот.
Вардар во тие моменти имаше водство од 0-1 со голот на Горан Закариќ, но доколку и официјално е прекин, тогаш ќе го добие натпреварот со службен резултат 0-3.
Тиквеш сигурно го очекува жестока казна поради лоша организација на натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
