
Работнички е лидер на табелата во Првата лига, заедно со Шкендија, со 11 бода, а утре на арената „Тодор Проески“ ќе ја пречека Брера. „Романтичарите“ немаат пораз во шампионатот, но изненадувачки беа елиминирани од Купот, и тоа со пораз (2-0) од третолигашот Шкендија Арачиново.
Напаѓачот Марселин Гандо Биала вели дека неговиот тим сака брзо да се врати на победнчките патеки.
„На петте првенствени натпревари немаме пораз и би сакале да го задржиме курсот. Доживеавме непријатна елиминација во Купот, па секако дека би сакале сега веднаш да се вратиме на победнички патеки. Го респектираме тимот на Брера, се работи за квалитетен тим, сега имаат и нов тренер и сигурно дека ќе бидат максимално мотивирани на утрешниот меч. Но, и ние веруваме во нашите квалитети сакаме да ги освоиме трите бода.”, изјави Гандо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница

Евро-фудбал
Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
