
Брегалница очекувано ја совлада Каменица Саса на домашен терен со 3-0 и се искачи на првото место на табелата во Втората лига Исток со 26 бода. Но, главниот конкурент Тиквеш утре го игра мечот против Плачковица на домашен терен.
Дарко Додев се врати по повредата и постигна гол за водство во 17.минута, а пет минути подоцна искусниот Ристе Наумов зголеми на 2-0.
Третиот гол за Брегалница беше дело на Наумче Бакрачески во 68.минута од мечот.
Ова беше прв натпревар за Брегалница по разделбата со тренерот Добринко Илиевски, тоа не се почувствува на резултатски план.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
