
Младинскиот репрезентативец Мартин Ѓорѓиевски, кој е веќе истакнат член на сениорскиот тим, ја спаси Брера од пораз против Сараево во првиот меч од младинската Лига на шампионите. Ѓорѓиевски со два гола во финишот обезбеди 2-2, откако Сараево имаше два гола предност.
Реваншот ќе се игра на 2. октомври во Сараево, па сега Брера сѐ уште има реални шанси за пласман понатаму во овој двомеч.
Сараево дојде во водство со голот на Алекса Поповиќ во 37.минута. Харун Плоцо од пенал зголеми на 0-2 во 69.минута.
Сепак, потоа дојдоа минутите на Брера и на Мартин Ѓорѓиевски. Одличниот играч за врска погоди во 76.минута за намалување на негативата, а во судиското продолжение реализира и пенал за конечни 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal